Моментален број на посетители:
534
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
20 април 2023
 

НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД НА РАМАЗАН БАЈРАМ, ЖИЧАРНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ ВООБИЧАЕНО

Почитувани корисници на јавниот превоз, ве информираме дека утре, петок (21.04.2023 год), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. 

Автобусите и во сабота (22.04.2023 год) ќе возат по неделен возен ред, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.