Сите возила кои што тргнуваат од Транспортен центар се пренасочени преку Тутунски комбинат, од каде што секоја линија продолжува по својата траса. Изменетиот режим е поради асфалтирање на дел од крстосницата помеѓу улица „Никола Карев“ и булевар „Кузман Јосифовски Питу“. Во насока кон Транспортен центар, возилата се движат по редовните траси. Од 21.10 часот, сите возила сообраќаат по редовните траси.