Почитувани,
ЈСП СКОПЈЕ најостро го демантира како лажна вест текстот на порталот насловен skopje1mk.
Непроверена е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Утрово пред Бит пазар, се запали уште еден автобус“.
Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на запалени автобуси по скопските улици, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП СКОПЈЕ. Имено, станува збор за пареа, а не како наведеното дека се работи за пожар. Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП апаратот, но не го употребил.
Бараме демантот да биде објавен во целост, а текстот за којшто се однесува, да биде повлечен.
Со почит,