ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод државниот празник 8 Септември - Ден на независноста, на ден 7.09.2024 година (сабота) и 9.09.2024 година (понеделник) ќе се работи по неделен возен ред.
За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
- Транспортен центар;
- Ѓорче Петров; и
- Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник 9.09.2024 година, нема да биде во функција жичницата.