ДЕМАНТ ПО ОБЈАВЕНАТА СТАТИЈА НА ДНЕВНИОТ ВЕСНИК НОВА МАКЕДОНИЈА
Во врска со написот „Кој нема електронска картичка, ќе си купи билет во автобус“ објавен во дневниот весник Нова Македонија на 11.11.2015 година, ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека цените на изработка на персонализираните картички е 200 денари, а на неперсонализираните 150 денари, а не како што е напишано во текстот, 250 денари за персонализирана односно 200 денари за неперсонализирани.
Ги замолуваме граѓаните, заради избегнување на било какви шпекулации или погрешни информации во однос на цените на новите „Скопска“ билети, да ги контактираат надлежните служби во ЈСП СКОПЈЕ или да се обратат во најблиската билетарница.
Линк од статијата во Нова Македонија:
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111115936247&id=14&prilog=0&setIzdanie=23611