Моментален број на посетители:
383
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
13 ноември 2015
 

  СООПШТЕНИЕ


           Поради изведување на градежни активности т.е. изведба на атмосверска канализација на ул.„Боца Иванова“ и ул.„Александар Урдарески“ во периодот од 12.11.2015 год до 26.11.2015 год. ќе бидат пренасочени линиите број 59, 59А и 59Б и истите ќе сообраќаат по следната траса:


        

         1. Линија број 59 во правец према Гробишта Бутел (Кучевишка Бара) од раскрсница на ул.Бутелска со Александар Урдаревски, продолжува по ул.Александар Урдаревски до почетно-крајна постојка на 59 кај II (втора) капија. Потоа продолжува до Кучевишка Бара. Во спротивен правец автобусите се движат по истата изменета траса.  

        
          2. За време на викендите автобусите од линијата 59А и 59Б
ќе се движат по следната траса:


       59А во правец од Ново Лисиче према Гробишта Бутел од раскрсница на ул.Бутелска со Александар Урдаревски, продолжува по ул.Александар Урдаревски до почетно-крајна постојка на 59 кај II (втора) капија. Во спротивен правец автобусите се движат по истата изменета траса.  

        59Б во правец од Кисела Вода према Гробишта Бутел од раскрсница на ул.Бутелска со Александар Урдаревски, продолжува по ул.Александар Урдаревски до почетно-крајна постојка на 59 кај II (втора) капија. Во спротивен правец автобусите се движат по истата изменета траса.   

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.