Моментален број на посетители:
2206
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
известување
28 април 2016
 

 

По повод претстојните „Велигденските празници“ и Први Мај ЈСП-Скопје ќе работи по следниов распоред:

          
1. На ден 29.04.2016 год.(петок) автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, освен линиите број 11, 32; 47А, 51, 55, 56, 56А; 60 за Горна Матка; 70; 74; 80А и 81 кои ќе сообраќаат по делничен возен ред. Ноќните линии ќе работат по возен ред како за сабота.

          
2. На ден 30.04.2016 год.(сабота) автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред .Ноќните линии ќе работат по возен ред како за сабота.

           3. На ден 01.05.2016 год.(недела) автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред . Поради очекувана зголемена потреба од превоз на патници ЈСП-Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓање, кон излетничките места и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани соодветен број на возила.
 
      

           4. На ден 02.05.2016 год.(понеделник) автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Линијата за Средно Водно- Милениумски Крст  ќе сообраќа по неделен возен ред.

         Возниот ред може да го погледнете на WEB- страната на ЈСП, во делот возни редови.                                                                                                                .        За подетални информации граѓаните ќе можат да се информораат во Диспечерски центар на тел. 02/ 3 173-224.

         ЈСП-Скопје  Ви ги честита  „Велигденските празници  и Први Мај“.  

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.