ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од Четврток (15.09.2016 год.) ќе почне со изведување на градежни активности на дел улица„Ѓорче Петров“ во насока од Дексион кон Центар и за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.
Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Дексион кон Цeнтар т.е. од запад кон исток ќе бидат пренасочени од ул. „Ѓорче Петров“, по ул.„ Кузман Шапкарев“, ул.„ Борис Сарафов“ (4 ти Јули), бул.„ Македонска војска“, и продолжуваат по својата траса.
За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на ул.„Борис Сарафов“ .
Во обратна насока т.е од Центар кон Дексион или во правец исток-запад автобусите ќе ја користат постоечката траса по ул.„Ѓорче Петров“.