Моментален број на посетители:
480
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА - БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ
06 февруари 2017
 

 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека согласно Одлуката на градоначалникот на Град Скопје г. Коце Трајановски, почнувајќи од истиот момент на објава на ова соопштение, претпријатието ќе ги превезува граѓаните бесплатно.

Ова мерка е од времен карактер и важи за сите лица кои имаат потреба од јавен превоз и истата ќе биде активна се до нејзино укинување од страна на Градоначалникот.

Мерката за бесплатен јавен превоз е воведена како последица на загаденоста на воздухот во Скопје и со истата се очекува намалување на користењето на леките возила.

Исто така, ја информираме јавноста дека од моментот на воведување на оваа мерка, билетарниците на ЈСП СКОПЈЕ ќе работат само со дежурните служби на следните локации:

 

БИЛЕТАРА

Работно време

ЗЕЛЕН ПАЗАР

 

Од 06,00 до 17,00 часот

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

Од 06,00 до 17,00 часот

БУТЕЛ ПАЗАР

 

Од 06,00 до 17,00 часот

ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР

 

Од 06,00 до 17,00 часот

 

 

Напоменуваме дека од системски т.е. технички причини, ЈСП СКОПЈЕ нема да може да изврши рефундирање на средствата на веќе набавените времени билети, ниту пак пролонгирање на нивната важност.

  

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.