Моментален број на посетители:
2105
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ВИП Оператор - плаќање со мобилен
12 април 2017
 
  ВИП Оператор - плаќање со мобилен

 

ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека после успешното тестирање на системот, од денес, 12.04.2017 година, во функција ќе биде ставено и плаќањето со мобилен телефон за претплатниците од ВИП операторот.

Со ова се комплетира можноста на сите граѓани да можат да ги користат услугите на јавното претпријатие, со што се овозможува полесно плаќање на билетите и за оние лица кои не толку често го користат јавниот превоз.

Оваа услуга ќе може да се користи откако ќе се активира услугата. Поточно, прво се праќа бесплатна СМС порака на бројот 14 11 14, со текст START, со што оваа услуга станува активна. Активацијата се прави еднократно.

Кога веќе претплатничкиот број е веќе активиран, плаќањето се врши само со вртење на бројот 185. Откога ќе се добие сигналот, телефонот се доближува до валидаторот. Плаќањето трае неколку секунди, со што претплатникот добива повратна СМС порака дека плаќањето е успешно. Оваа порака, корисниците на јавниот превоз се должни да ја чуваат до крајот на нивното возење.

Исто така, сакаме да ги известиме корисниците на броеви од Македонски Телеком дека овој оператор ја исклучи активацијата за оваа услуга, што значи дека граѓаните немаат потреба од активирање на истата, туку веднаш можат да пристапат кон плаќање на билетот во автобус со вртењето на бројот 185.

Со почит,

ЈСП СКОПЈЕ

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.