СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно од страна на Град Скопје, за првпат ќе се воведе од наредниот викенд (25 и 26 ноември 2017 година).
Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.
Забраната се планира да важи исклучиво за време на викендите (сабота и недела) и за време на државните празници.
Оваа забрана нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП СКОПЈЕ), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.
За да им излезе пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно, Градот Скопје воведува 2 (две) нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).
За овие две пробни автобуси линии е најавен следниот возен ред:
25А
Катна гаража Средно Водно
9:00 часот 9:40 часот
9:40 часот 10:20 часот
10:20 часот 11:00 часот
11:00 часот 11:40 часот
12:20 часот 12:20 часот
13:00 часот 13:00 часот
13:40 часот 14:20 часот
14:20 часот 15:00 часот
25Б
Цветен пазар (Дом на печат) Средно Водно
9:20 часот 10:00 часот
10:00 часот 10:40 часот
10:40 часот 11:20 часот
11:20 часот 12:00 часот
12:00 часот 12:40 часот
12:40 часот 13:20 часот
13:20 часот 14:00 часот
14:00 часот 14:40 часот
14:40 часот 15:20 часот
Покрај двете нови пробни автобуски линии, граѓаните ќе можат непречено да ги користат и двете постојни автобуски линии – линијата со број 25 до Средно Водно и линијата со број 28 до паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“. Линијата со број 25 ќе претрпи мали измени во однос на возниот ред и ќе се движи по следниот распоред:
25
Транспортен центар Средно Водно
8:00 часот 8:40 часот
9:00 часот 9:40 часот
9:40 часот 10:40 часот
10:20 часот 11:40 часот
11:20 часот 12:40 часот
12:20 часот 13:40 часот
13:20 часот 14:40 часот
14:20 часот 15:40 часот
15:20 часот 17:00 часот
Воведувањето на забраната за движење моторни возила на патот до Средно Водно е дел од заложбите на Град Скопје за почист воздух и поздрава животна средина, имајќи го предвид пред се здравјето на граѓаните.
|