Моментален број на посетители:
812
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас за продажба на отпад
07 јуни 2018
 

 ЈАВЕН ОГЛАС-

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ

 

NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP        

 

Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје, Тел. : 02/3174-264, Fax : 02/3174-260, www.jsp.com.mk

 

 

Јавен оглас бр. 01/2018

за продажба на отпадни материјали со прибирање на понуди со јавно отварање

               1.            Предмет на продажба се следните отпадни материјали :

               1.1          Железо

               -              до 3мм дебелина(лим, каросерии)

               -              над 3мм дебелина(добоши, лиено железо, федер платноно, блокови, менувачи, трапови)

               2.1          Метални буриња

               3.1          Акумулатори

               4.1          Месинг

               5.1          Гуми

               6.1          Алуминиум

               7.1          Бакар (бакарен ладилник за вода, бакарни кабли)

               8.1          Употребувано отпадно масло

               9.1          Дрвенарија, стакло, гуменарија

               10.1        Електронски отпад

                              (компјутери, печатачи, монитори, тастатури, фотокопир апарати и др. електронски уреди)

               11.1        Отпадни филтри од масло

 

               2.            Понудата е деллива по видови на отпадни материјали, наведени во точките

 

               Со Понудата задолжително мора да се достават следните документи со кои се докажува лична, професионална и техничка способност на понудувалот:

 

-              Извод од регистрација на дејност од Централен регистар;

-              Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки ;

-              Доказ од судска евиденција, дека не е отворена стечајна постапка или ликвидација ;

-              Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност -

               забрана за вршење на дејност, должност или професија ;

-              Дозволи издадени од Министерството за животна средина и тоа :

- Дозвола за превоз, собирање и транспортирање на опасен отпад (за точка 8.1 и 10.1) ;

               - Дозавола за управување со отпад од пакување (за точка 9.1) ;

               - Дозвола за трговија со неопасен отпад (точки 1.1, 2.1, 4.1, 6.1, 7.1, 9.1) ;

               - Дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад -

                 да има опсег со третман на опасен отпад (за точка 3.1) ;

-              Да има обезбедено минимум 3 (три) наменски товарни возила (самонатоварач или вградена

               дигалка) од кои минимум 2 (две) во сопственост на понудувачот, а за останатите може да има

               техничка подршка од друг субјект. Се докажува со прилог копија на сообраќајни дозволи и

               прилог заверен договор за деловно-техничка подршка за предметниот оглас.

-              Да има минимум 12 (дванаесет) ангажирани лица, од кои минимума 2 (две) вработени во

               фирмата понудувач, а останатите може да бидат ангажирани со техничка подршка од друг

               субјект. Минимум 10 (десет) ангажирани лица да бидат со минимум 5 (пет) години работно

               искуство од област на браварија и лимарија. Се докажува со прилог М1/М2 образци и прилог

               заверен договор за деловно-техничка подршка за предметниот оглас.

 

 

 

               Придружните документи не смеат да бидат постари од 6 месеци, освем дозволи издадени од Министрство за животна средина, и треба да се достават во оригинален примерок или копија заверена од овластено лице.

 

               Понудите кои во прилог нема да ги содржат сите барани документи со кои се докажува лична, професионална и техничка способност на понудувачот, ќе бидат отфрлени.

 

               Заинтересираните правни лица писмените понуди, потпишани од одговорното лице на понудувачот,  во затворен коверт без никакви ознаки со кои би се идентификувал понудувачот, можат да достават до 14.06.2018 год. до 10:00 часот, во архивата на претпријатието лично или препорачано по пошта, на адреса: Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Комисија за спроведување на јавен оглас, бул.Александар Македонски бр.10 - Скопје, со назнака во левиот горен дел ,„Не отварај“ и наведување на бројот на јавниот оглас.

 

3.            Продажбата ќе се врши со доставување на затворени писмени понуди, со јавно отварање.

 

4.            Критериум за вреднување на понудите е цената со вкалкулиран ДДВ.

               При вреднувањето на понудите предност ќе има понудувачот, кој ќе понуди највисока цена.

 

5.            Динамиката на превземање на отпадниот материјал ќе се одвива по предходна писмена најава

               од продавачот, ЈСП - СКОПЈЕ.

 

               Припремата на отпадниот материјал за утовар и превоз и мерење на количината на отпадот паѓаат на товар на купувачот. (Се мери на кантарска вага габаритна на празен и полн камион во печатен запис).

               Транспортот на отпадниот матерјал ќе го врши купувачот, на свој трошок, со сопствено возило.

 

               Плаќањето за отпаден материјал што треба да се подигне, ќе се врши авансно пред подигање на договорената количина.

 

               Договорната страна со која ќе се потпише договор за продажба на отпад потребно е да изврши авансно плаќање на количината на отпаден материјал пред да ја превземе од претпријатието, а условите ќе бидат правно вградени во договорите кои ќе бидат потпишани помеѓу договорниот орган и договорната страна.

 

               Понудената цена за продажба на металите (железо до 3 мм и над 3 мм, лиено железо, федер платно, алуминиум- мек и тврд, олово, месинг, бакар - бакарен ладилник за вода и бакарни кабли) може да биде променлива согласно промената на пазарната цена на метали во Република Македонија на денот на продажбата. Понудената цена за останати отпадни материјали е фиксна, односно непроменлива.

 

               Количината на употребуваното моторно масло ќе се превзема со преточување во цистерна на превземачот од метални буриња од 200 литри (180 кг) и пластични канистри од 1000 литри. Употребуваното моторно масло и отпадни филтри се превземаат во состојба како се складирани.

 

               6. За избор на најповолниот понудувач, останатите понудувачи ќе бидат писмено известени, во рок од 7 дена од денот на извршениот избор.

 

               Со најповолниот понудувач ЈСП ќе склучи договор за продажба на отпаден материјал со времетраење од 12 месеци, со кој ќе се уредат правата и обврските на ЈСП и на Понудувачот.

 

               Сите заинтересирани понудувачи за подетални информации можат да се јават на телефон 02/ 3174-264 локал 120, Служба за продажба.

 

                                                                                                                         

Скопје, 07.06.2018 година.                                                                                                ЈСП – СКОПЈЕ

                                                                                                        

                                                                                                                                       Директор

                                                                                                                                       Кристијан Чушков

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.