Моментален број на посетители:
583
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас за продажба на фитнес справи
08 јуни 2018
 

  

Трговско друштво ЈСП ТУРС ЈСП СКОПЈЕ ДООЕЛ – Скопје ( во текстот:ЈСП ТУРС) - Комисијата за спроведување на постапка за прибирање понуди (во текстот: Комисија), објавува:

 

О  Г  Л  А  С  бр.01/2018

    за продажба на основни средства во сопственост на ЈСП ТУРС по пат

                  на прибирање на понуди, со јавно отворање

 

1.Предмет на Огласот

Предмет на огласот е продажба на основни средства – ФИТНЕС ОПРЕМА - 12 (ДВАНАЕСЕТ) ЕЛЕМЕНТИ вид и количина  даден е во Табеларниот преглед , сопственост на ЈСП ТУРС по прибирање на писмени понуди со јавно отварање, предвидени со Одлуката за отуѓување на основни средства донесена од Управниот одбор бр.02-115/7 од 04.06.2018 - година на Единствениот содружник ЈСП СКОПЈЕ, вкупна почетна цена  и депозит за учество на Огласот.

Фитнес опремата  е лоцирана во ЈСП „СКОПЈЕ  - Автобаза Ѓорче Петров – Скопје, ул. 4 Јули   .

Продажбата се подразбира франко ЈСП „СКОПЈЕ  - Автобаза Ѓорче Петров – Скопје.

2.Табеларен преглед

2.1.Подетални информации за видот, количини на основните средства, во врска со Огласот, се дадени во Табеларен преглед.

2.2.Табеларниот преглед (наведен во точка 1 на овој поднаслов), може да се добие на веб страната на – Единствениот содружник Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ (во текстот: ЈСП ): www.jsp.com.mk

3.Право на учество

3.1Право на учество на Огласот имаат сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица кои ги исполнуваат условите дадени во Огласот, односно:

1.Правни лица: домашно правно лице да е регистрирано во Централниот  регистар на Република Македонија, и странско правно лице кое има регистрирано преставништо во Република Македонија.

2.Физичко лице: државјанин на Република Македонија.

3.Продажбата на основните средства од точка 1 ќе се врши со доставување на затворни писмени понуди, со јавно отворање на понудите.

3.1 Право на учество имаат сите правни и физички лица со деловна способност.

3.2 Во случај два понудувачи да имаат иста понудена цена, предност ќе има понудувачот кој прв поднел понуда во архивата на Единствениот содружник ЈСП СКОПЈЕ – Скопје .

4.Поднесување на понуда

4.1 Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат понуди за учество во јавната продажба (во писмена форма), комплетирана со следните докази (приложени во оргинал или фотокопии заверени на нотар):

1. Понуда по образец објавен на веб страната на ЈСП, пополнета од подносителот во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на понудата (кои документи) ;

2. Доказ за платен депозит (оргинал) ;

3. За физички лица копија од лична карта;

4.За правни лица доказ за регистрација на правното лице во Централниот регистар (Тековна состојба), не постар од 30 дена;

5.Уредно полномшно за полномошникот што го преставува правното лице, односно доказ за својство на одговорно лице за правното лице;

6.Сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на огласот и депонентна банка;

7.Е-маил адреса на подносителот на понудата, преку која ќе се врши известување на подносителите (за подносителот на понудата кој ќе достави неточна е-маил адреса, ЈСП ТУРС ќе нема обврска и последици во врска со тоа); и

8.Телефонски број за контакт.

4.2 Понудите кои не се комплетирани со овие докази нема да се разгледуваат на  отворање на понудите за што подносителите на некомплетните понуди ќе бидат по електронски пат известени.

 

5.Почетна цена

5.1 Вкупна почетна цена:

Почетната вкупна цена на Огласот за прибирањето на писмени понуди за продажба на основните средства од точка 1, изнесува 224.116,00 ( со букви: (двестотини дваесет и четири илјади, сто и шеснаесет) денари.

5.2 Цената е без пресметани даноци, согласно позитивните прописи, и истите се на товар на купувачот.

6.Депозит

6.1 Депозитот за учество на Огласот за на прибирањето на писмени понуди изнесува 22.411,00 (дваесет и две илјади четристотини и единаесет) денари, односно 10% од вкупната почетна цена. Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на сметката на  ЈСП ТУРС: Комерцијална банка А.Д - Скопје, со назнака: Депозит за учество на Оглас за прибирање понуди со јавно отворање бр.01/2018, денарска сметка бр. 300000001616444,  на име на  ЈСП ТУРС.

6.2 Депозитот се враќа во целост на подносителот на понудата во рок од 15 дена од денот на отварањето на понудите.

7.Рокови

7.1 Понудите  за учество на јавното наддавање, во затворен плик , со назнака за Оглас за    за продажба на основни средства бр.01/2018, може да се достават до 18.06.2018 година, до 12 часот по локално време, по пошта во седиштето на Единствениот содружник ЈСП СКОПЈЕ – Скопје, бул.Александар Македонски бр.10, или директно во архивата на ЈСП, со назнака: До ЈСП ТУРС ЈСП СКОПЈЕ ДООЕЛ – Комисија за спроведување на постапката за прибирање на понуди.

7.2 Јавното отврарање на понудите ќе се одржи на 18.06.2018 година, во 12 часот по локално време, во салата за состаноци, која се наоѓа во седиштето на Единствениот содружник ЈСП СКОПЈЕ.

8.Постапка

8.1 Комисијата на јавното отварање ги отвара пристигнатите понуди по редоследот по кој се заведени во приемната книга на Архивата на ЈСП. Ја проверува комплетноста на понудите. Понудите кои се со некомплетна документација објавува дека нема да бидатат разгледани. Пристапува кон јавно објавување на понудените цени, на комплетните понуди.

8.2. На денот на одржување на јавното отворање овластените лица на подносителите на понудите, со уредно полномошно, можат да поставуваат прашања во врска со јавното отворање на понудите.

8.3. Јавно отворање може да отпочне со пристигната најмалку една понуда.

8.4. Постапката по Огласот го следи и води Комисија, формирана од Управителот на  ЈСП ТУРС.

8.5 Во случај не е поднесена понуда за вкупна набавка, се пристапува кон евалуирање на понудите кои дале понуда и поединечни цени по елементи од фитнес опремата, според редниот број даден во Табеларниот преглед.

8.10 Учесникот – понудувач кој на јавното отварање понудил највисока цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

8.11 Комисијата по завршувањето на јавното отварање изготвува Извештај за спроведеното јавно отварање на понудите и по електронски пат го доставува до сите учесници кои поднеле понуди.

9. Начин на плаќање

9.1 Најповолниот понудувач е должен во рок од 7 дена, од денот на приемот на  Известувањето за избор на најповолен понудувач, да уплати на сметката на ЈСП ТУРС 90% (деведесет проценти) од средствата за продажба на основните средства – фитнес опрема 12 (седум) елементи  согласно дадената понуда.

9.2 Останатите средства во износ од 10% (десет проценти) од понудената цена е должен да ги уплати на сметка на ЈСП ТУРС во рок од 7 (седум) дена по склучување на договорот за купопродажба..

9.3 Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата од 90% (деведесет проценти) во утврдениот рок, ќе се смета дека основните/то средства/о не се/е продадени/о, и нема да се пристапи кон склучување на договор за купопродажба,а депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.

9.4 По извршената уплата на износот  во утврдениот рок од точка 9.1, Управителот на ЈСП ТУРС, во рок од 5 (пет) дена, склучува Договор со најповолниот понудувач (купец) за продажба на предметните основни средства.

10. Незадоволните учесници  можат да изјават приговор до Комисијата во рок од три дена од денот на добивање на Извештајот од одржаното јавно отворање на понудите.

По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од денот на приемот на приговорот. Одлуката на Комисијата е конечна. 

11. Овој оглас ќе биде објавен во средствата за јавно информирање - дневни весници и ВЕБ страната на Единствениот содружник ЈСП СКОПЈЕ: www.jsp.com.mk.

12. Заинтересираните кандидати, основните средства можат да ги видат, во ЈСП СКОПЈЕ  - Автобаза Ѓорче Петров – Скопје, во периодот на траење на огласот,  со претходна најава на телефон 070 269-709, Лице за контакт: Цветко Костадиновски.

 

                                                            ЈСП ТУРС ЈСП  СКОПЈЕ ДООЕЛ

                                                Комисија за спроведување на постапката

                                                               за прибирање на понуди

 Превземи понуда

                                                   

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.