Моментален број на посетители:
691
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ДОПОЛНИТЕЛНИ АВТОБУСИ НА ЛИНИИТЕ 69 и 28
07 август 2018
 

Денеска (7.08.2018 година) и во наредните два дена (8 и 9.08.2018 година), во пресрет на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, ЈСП Скопје ќе пушти дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28.

Денеска, на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до с.Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот.
Утре, 8.08.2018 година (среда), ќе сообраќаат два автобуса од Транспортен центар до с.Дивле и тоа во 5.45 и 15.30, а во обратен правец ќе има еден автобус во 19.30 часот.
Посочените поаѓања, всушност, се вонреден превоз имајќи во предвид дека автобуската линија 69 сообраќа само за време на викенди.
Во случајов, вонредниот превоз е по барање на црковниот одбор на „Св.Петка“.

ЈСП Скопје, утре и задутре (8 и 9.08.2018 година) ќе обезбеди и дополнителен број автобуси на линијата 28 кои сообраќаат од Транспортен центар до Нерези (Македонско село). 
Утре, на 8.08.2018 година (среда), освен редовните поаѓања утврдени со летниот возен ред, автобус на линијата 28 од Транспортен центатр кон Нерези ќе има и во 17.20 часот, како и во 19.50 часот во обратен правец. 
На 9.08.2018 година (четврток), вонреден автобус ќе има во 7.10 часот од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село), односно во 11.20 часот во обратен правец.
Во овој случај, ЈСП Скопје одговори позитивно на барањето на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.