Моментален број на посетители:
584
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
19 октомври 2018
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

сакаме да ве информираме дека од понеделник (22.10.2018 година), линија 28 ќе сообраќа по изменета (скратена) траса од досегашната.

Наместо Транспортен центар, почетната станица на автобусите на посочената линија ќе биде почетната станица на линија 4А (улица„Лондонска“), а крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези (Македонско село). На линијата ќе сообраќа минибус.

Причина за кратење на трасата, е затворањето на комплексот „Македонско село“ (затоа се менува почетната станица), а истовремено и натаму ќе се опслужуваат жителите на Горно и Средно Нерези.

 

Траса на линијата:

Терминал 4А-улица „Лондонска“, улица „М.Т.Гологанов“, улица „В.В.Чакаларов“, терминал 57 (Козле), терминал Горно Нерези (Македонско село) и обратно.

 

ЗИМСКИ ВОЗЕН РЕД:

Работни денови:

Тафталиџе 2: 6.30 ч, 7.30 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч, 16 ч, 17 ч, 18 ч, 19 ч.

Македонско село: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч, 16.30 ч, 17.30 ч, 18.30 ч, 20 ч.

 

Сабота-недела:

Тафталиџе 2: 6.30 ч, 7.30 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч.

Македонско село: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч. 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.