Моментален број на посетители:
88
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
12 ноември 2018
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ 

Поради протести во централното градско подрачје, улица „11 Октомври“ ќе биде затворена за сообраќај, а автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените.

Линиите 3, 3А, 3Б, 5, 7, 15, 15А, 15Е, 23П, 25, 27, 28, 33, 43, 44 ќе сообраќаат по улица „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“), Осигурување Македонија, булевар „Кочо Рацин“ (Олимписки базен) и кон својата траса, за назад од булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) кон улица „Кирил и Методиј“ (ТЦ Рамстор) и кон својата редовна траса.

Линијата 24, сообраќа по улица „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“) кон Кисела вода, за назад по улица „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и кон својата редовна траса.

Линиите 4, 4A, 41А, 41А ќе сообраќаат по улица „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“) кон Чешма-Кисела вода, за назад кон улица „Кирил и Методиј“ (Рамстор) ќе се приклучи на својата редовна траса.

Линијата 16 кон Железара по булевар „Кочо Рацин“ (Олимписки базен), МАНУ, кон својата траса, за назад од Бит пазар, постојка-Црка Св. Богородица, од булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) кон својата  редовна траса.

Линијата 17 кон Музеј на Современа уметност, по постојката НБРМ кон Бит пазар, за враќање од постојката Црка Св. Богородица кон Веро Џамбо и ќе продолжи по својата редовна траса.

Линиите 26 и 59 од и кон Карпош ќе се движат по мост Гоце Делчев.

Линиите 21, 21А, 21Б, 22 и 22П кон Транспортен центар, од булевар „Партизански одреди“ кон  булевар „Гоце Делчев“, кон булевар „К.П.Мисирков“ (постојката-Црква Св.Богородица) кон Трганспортен центар, додека кон Бардовци и Лепенец од булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) кон улица „Кирил и Методиј“ (Рамстор), ќе продолжи по својата редовна траса.

Линиите 50 и 57 кон Бит пазар по улица „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“), Осигурување Македонија, булевар „Кочо Рацин“ (Олимписки базен) и кон својата редовна траса, за враќање од Бит пазар кон булевар „Гоце Делчев“, постојката Пошта кон постојката Европски Факултет, ќе се приклучи на својата редовна траса.

Ви благодариме на разбирањето.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.