Моментален број на посетители:
490
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
12 декември 2018
 

Известување

Поради денешните протести, централното градско подрачје делумно е затворено за сообраќај и автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Автобусите на линиите 3, 3а, 3б, 4,4a, 5, 7, 15, 15а, 21, 21а, 21б, 22, 23, 25, 27, 33, 41a, 44, 50, 57 наместо кон Зелен пазар, ќе се движат кон „Холидеј ин“ (улица „Филип II Македонски), потоа по кеј 13 ноември и кон Веро Џамбо (улица „Кузман Јосифовски Питу“).

За враќање ќе се движат по улица „Кирил и Методиј“ (ТЦ Рамстор),

Автобусите на линиите 50 и 57 ќе се движат од Бит пазар кон мост „Гоце Делчев“, Европски факултет и кон своите траси.

Автобусите на линиите 26 и 59 ќе де движат во двете насоки по мост „Гоце Делчев“.

Автобусите од линијата  24, ќе се движат по улица „Јордан Мијалков“ по трасата на линија 9 и потоа кон Кисела Вода, наместо по  улица „Димитрие Чуповски“ (Рекорд-Багат), за враќање ќе се движат по улица „Кирил и Методиј“ (ТЦ Рамстор).

Посочениот режим на сообраќај ќе важи додека траат протестите.

Ви благодариме на разбирањето.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.