Моментален број на посетители:
669
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
09 јануари 2019
 

Известување

Поради протести, централното градско подрачје е затворено за сообраќај.

Возилата од линиите 15А ,21, 21А, 21Б, 22, 22П ќе сообраќаат кон Транспортен центар преку мост Гоце Делчев, а кон Карпош преку Рамстор ( улица „Кирил и Методиј“).

Возилата од линиите 15, 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 23, 24, 25, 27, 33, 41А, 43, 44 ќе сообраќаат : кон Транспортен центар преку Јужен Булевар (улица „Јордан Мијалков“), а према Карпош  преку Рамстор (улица „Кирил и Методиј“).

Возилата од линијата 50, кон Хиподром ќе сообраќаат преку Јужен Булевар (улица „Јордан Мијалков“), а кон Клинички центар преку мост Гоце Делчев.

Возилата од линијата 57, кон Радишани ќе сообраќаат преку Јужен Булевар (улица „Јордан Мијалков“), а кон Козле преку мост Гоце Делчев.

Возилата од линијата 16 во двете насоки од трасата ќе сообраќаат преку Југодрво (Олимписки базен).

Возилата од линијата 17 во двете насоки од трасата ќе сообраќаат преку комплекс банки кон Бит пазар.

Возилата од линиите 59 и 26 во двете насоки од трасата ќе сообраќаат преку мост Гоце Делчев.

Пренасочувањето ќе важи се до завршувањето на протестите.

Ви благодариме на разбирањето.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.