Моментален број на посетители:
652
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
 

Линијата 21 за време на викенди ќе сообраќа 15 мин подоцна

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Сакаме да ве информираме дека од денеска, петок 15.03.2019 година, линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови.

Имено, во петок и сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот.
 
Во случајов, ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите.

ЈСП Скопје ја донесе одлуката по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред.
 
 

 

 
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.