Моментален број на посетители:
118
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ
 
Организирањето и функционирањето на јавниот превоз, карактеристичен како облик на превоз особено во поголемите градови, наметнато е како неопходност од повеке аспекти.

Веке хроничен и се поизразен проблем во поголемите градови е прегустиот сообраќај, односно преоптеретеноста на сообраќаниците, бавноста во одвивањето на сообраќајот и големите губитоци на време, зголемениот ризик, недостаток на паркинг простор, загадувањето на воздухот и бучавата, дополнително намалената пропустливост на сообраќајниците заради паркираните возила по страничните делови и др.

Основен генератор на овие проблеми е што преголем број на патувања во Градот се прават со патнички автомобили за што е потребна голема површина како за движење така и за паркирање.

Од тие причини, еден од најефикасните начини, ако не за потполно решавање, тогаш за значајно ублажување на овој акутен проблем, секако е намалувањето на бројот на возните единици кои учествуваат во сообраќајот во определен временски период. Од практично применливите и ефикасни начини за ублажување на оваа состојба, посебно може да се издвои организирањето и функционирањето на јавниот превоз кој со својот потенцијал може да обезбеди оптимален урбан транспортен систем.

Со организирањето на квалитетен и ефикасен јавен превоз и омасовувањето на користењето на истиот би се постигнале следниве позитивни ефекти:
  • намалување на сообраќајниот метеж со намалувањето на бројот на возни единици кои учествуваат во сообраќајот (лесните индивидуални возила),
  • остварување на заштеди во енергија (рафинати како погонско гориво), а со тоа и заштеди за општеството-државата во девизни средства за набавка на истите,
  • намалување на загадувањето на животната средина,
  • побезбеден превоз со намалувањето на сообраќајниот метеж,
  • поголема економичност во превозот - достапност до местото на дестинација на граѓаните,
  • поголема мобилност,
  • намалување на закрченоста на сообраќајниците која ја создаваат паркираните индивидуалните возила во потесното градско подрачје,
  • решавањето на превозот за одредена категорија на граѓани за кои е тоа од социјален аспект неопходно и др.
 
Мисија на ЈСП СКОПЈЕ - Скопје е обезбедување на високо квалитетна превозна услуга која се карактеризира со удобност, сигурност, навременост и достапност во простор и време за целокупното локално население и посетителите на Градот и приградските населби под економски најповолни и еколошки прифатливи услови.
 
За остварување на мисијата на Јавното претпријатие потребно е да се остварат следните цели:
  • Унапредување на квалитетот на транспортните услуги со примена на високи стандарди на безбедност, редовност, удобност и др.;
  • Обнова на возниот парк и воведување современи техничко-технолошко системи и средства;
  • Финансиска стабилност на претпријатието;
  • Имплементација на меѓународните стандарди за квалитет ISO 9001:2008;
  • Унапредување на заштитата на животната средина;
  • Зголемување на квалитетот на информираност на корисниците (на постојките, во и на возилата);
  • Обновување и модернизирање на автобуските стојалишта.
 
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.