Моментален број на посетители:
314
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА АВТОБУС (ЈАВЕН ПРЕВОЗ)
19 септември 2023
 

ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА АВТОБУС (ЈАВЕН ПРЕВОЗ)

 

Потребни квалификации:

·        Минимум завршено средно образование (IV степен);

·        Флексибилност за работа во смени;

·        Професионално однесување;

·        Возачка дозвола Д категорија;

·        Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност;

·        Работно искуство од минимум 2 години.

 

 

Работни услови:

·        Работно време: 40 часа неделно;

·        Работното време се организира во три, односно четири смени (двосменски и двократно) и директно зависи од возниот ред на соодветната линија;

·        Пауза во зависност од возниот ред на секоја линија;

·        Со право на бенефициран стаж

 

Со пријавите на огласот кандидатите треба да достават:

Диплома за завршено образование;

- Копија од возачка дозвола Д категорија;

- Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

 

Потребната документација да се испрати најдоцна до 02.10.2023 год

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии и потребната документација можат да ги проследат на полето за брза апликација (https://kariera.mk/job/Epj7RlV0iUGDHhXkokGeMw/vozach-na-avtobus-javen-prevoz), на: kosta.popovski@jsp.com.mk со назнака ВОЗАЧ НА АВТОБУС или во хартиена форма во Одделение за човечки ресурси при ЈСП Скопје.

 

Напомена: Со достава на пријавата, кандидатот дава согласност да се обработуваат неговите лични податоци во постапката за селекција согласно со Законот за заштита на лични податоци.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.