Моментален број на посетители:
458
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавен оглас за закуп на рекламни паноа на автобуски постојки
05 март 2024
 

                                         -  ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2024 -

                      ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ, со седиште на бул. Александар Македонски“ бр.10, Скопје (во натамошниот текст: ЈСП Скопје), телефон за контакт 072-255- 912 лице за контакт: Сузан Лешков, има намера да даде под закуп рекламни паноа на автобуските постојки.

За таа цел, ЈСП Скопје спроведува Јавен оглас давање под закуп на рекламни паноа на автобуските постојки .

Предмет на јавниот оглас ќе се спроведе по пат на усно јавно отворање и јавно наддавање – лицитација што ќе се одржи во просториите на ЈСП Скопје (сала за состаноци) за која ќе бидат известени сите понудувачи кои ги исполнуваат условите.

Документацијата за јавниот оглас може да се подигне секој работен ден во просториите на ЈСП СКОПЈЕ - Сектор за јавни набавки со седиште на бул. „Александар Македонски“ бр.10, Република Северна Македонија.

Право на учество имаат сите домашни и странски правни и физички лица, кои најдоцна до 12.03.2024 година до 10:00 часот во архивата на ЈСП СКОПЈЕ ќе достават понуда за јавен оглас број 02/2024 со целокупната пропратна документација заедно со гаранција на понудата за учество и докази дека ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.