Моментален број на посетители:
505
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
23 декември 2019
 
ПОСТАПКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ БЕСПЛАТЕН ГОДИШЕН СТУДЕНТСКИ (ДОДИПЛОМСКИ) БИЛЕТ  
Услови за продолжување на годишен бесплатен студентски билет:

*Студентот во случај да го продолжува годишниот билет пред почетокот на 2020 год, треба да има запишан зимски семестар

Доколку студентот го продолжува билетот во февруари, март или подоцна, неопходно е да има заверено зимски, а запишан летен семестар

*Дополнителен услов има само кај студентите кои до дипломирање им останале најмалку два испита
Во овој случај, студентот доколку сака да го продолжи правото на бесплатен превоз за 2020 год, со запишан зимски семестар, само во тој случај неопходно е да има неположени најмалку два испита

*Студентот треба да достави и потврда за редовен студент на државен факултет на територијата на град Скопје, индекс со соодветно заверен/запишан семестар, како што е објаснето погоре и лична карта на увид

 

Секој студент, на кој не му е издаден/продолжен годишниот бесплатен билет во некој од центрите за персонализација, а смета дека ги исполнува условите, случајот може да го пријави/реши во Дирекцијата на ЈСП.

 

НАПОМЕНА:

*билетот е без ограничување на возраста

*билетот се издава/продолжува во некој од центрите за персонализација, не во билетара

*при првото издавање на билетот, фотографирање на студентот се врши во самото продажно место

*на студентите кои прв пат запишуваат прва година во септември (бруцоши), при издавање на билетот им се продолжува важноста и за наредната година

*студентот плаќа еднократен надомест од 200 ден за персонализирана електронска картичка „Скопска“  

СТУДЕНТСКИ (ДОДИПЛОМСКИ) БИЛЕТ СО ПОВЛАСТЕНА ЦЕНА

Согласно одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, донесена на 22.12.2015 год на Советот на Град Скопје, а објавена во Службен гласник на Град Скопје, постојат повластени билети за студенти (додипломски) од 1.050 ден за еден месец, за сите линии.

Практично, ваков вид на билет им следува на оние редовни студенти на државен факултет кои не ги исполнуваат условите за бесплатен годишен билет, како и за редовните студенти од приватните факултети.

Истиот билет за јули и август, чини 600 ден за сите линии за еден месец.

Потребни документи за овој тип на билет се:

*потврда за студент на факултет на територија на градот Скопје, издадена од акредитирана високообразовна установа

*индекс и лична карта  на увид

*билетот е без ограничување на возраста

*фотографирање се врши во самото продажно место

*200 ден за песронализирана електронска картичка „Скопска“

 

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.