Моментален број на посетители:
59
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
11 јуни 2021
 

ВО НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ АВТОБУСКИ ЛИНИИ ЌЕ ВОЗАТ ПО ИЗМЕНЕТИ ТРАСИ

 

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека во недела (13.06.2021 година) во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”.

 

Изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60.

 

Траси на движење:

 

Линиите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60

*во правец према Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол“, ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса

*во обратен правец ќе возат по својата вообичаена траса

 

Линија 8

*од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжи по булевар „Партизански одреди“, ќе сообраќа се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжи кон својата почетна постојка

*во обратен правец, се до Соборен храм ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па по булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“ и ќе продолжи по својата вообичаена траса

 

Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59

*во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса

 

Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15

 

Линиите 15, 15А и 19 за почетно/крајна постојка во Карпош ќе ја користат почетно/крајната постојка од линиите 7 и 59

 

 

 


 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.