Од 9.10 часот, возилата од јавниот превоз не минуваат низ централното градско подрачје, возат по изменет режим од вообичаениот. Во правец кон Карпош, линиите 3, 3Б, 4, 5, 7, 50 и 57 сообраќаат по улица „Св.Кирил и Методиј“ (ТЦ „Рамстор“), а линиите 21, 21a, 22 и 59 преку улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), па преку мост „Гоце Делчев“. Посочениот режим важи и во обратна насока.