Се известуваат патниците дека во среда (31.12.2014 год.) во периодите од 11,00 до 13,30 и од 20,00 до 01,00 часот, поради одржување на повеќе манифестации ( детска Предновогодишна програма, Новогодишна програма), дел од центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки. Тоа се улиците „11-ти Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со ул. „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“.
Поради тоа потребно е да се изврши пренасочување на сите линии кои поминуват на овој потег и тоа:
1. Линиите со број 26, 50, 57, 59 кај Градска Болница врти лево по ул „11-ти Октомври“ кон Зелено пазарче, па десно по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжува по својата траса. Во обратна насока ја користат ул. „Даме Груев“ (позади Собрание) –
2. Линиите со број 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 24, 25, да се движат по бул. „Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и да продолжат по своите траси. Во обратна насока да се движат по ул. „Даме Груев“ (позади Собрание) и да продолжат по своите траси.
|