ЖИЧАРНИЦАТА УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ, „25“ ЌЕ БИДЕ РЕДУЦИРАНА
Почитувани,
Ве информираме дека утре, четврток (22.09.2022 год), Жичарницата нема да работи поради редовен годишен технички преглед, а автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе биде редуцирана.
Возен ред:
Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч.
Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.
Од петок (23.09.2022 год), Жичарницата и линијата „25“ ќе продолжат со редовна работа.