Моментален број на посетители:
1784
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
04 мај 2023
 

ЛИНИИ 100 и 200 СООБРАЌААТ ДО "САЕМ НА КНИГА 2023" во СЦ "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"

Почитувани љубители на пишаниот збор, ве информираме дека од денеска, четврток (4.05.2023 год) до среда (10.05.2023 год), во редовниот линиски превоз се вклучени две привремени линии кои сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. 

Станува збор за линиите 100 и 200, првата сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.
 
И двете линии се воведени за полесен пристап на посетителите на Саем на книга 2023 год, кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.
 
Цените на автобуските билети се редовни, според официјалниот ценовник на ЈСП Скопје, како за користење на сите линии.
 
ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ
 
ЛИНИЈА 100
(Н.Лисиче - СЦ "Борис Трајковски")
 
Улица „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.
 
ЛИНИЈА 200
 (Дексион - СЦ „Борис Трајковски")
 
Улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.
 
 
ВОЗЕН РЕД
 
ЛИНИЈА 100
 
Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.
 
Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.
 
ЛИНИЈА 200
 
Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.
 
Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.