Моментален број на посетители:
392
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
27 ноември 2023
 

УТРЕ ОД 9 до 12 ЧАСОТ НЕКОЛКУ ЛИНИИ ЌЕ ВОЗАТ ПО ИЗМЕНЕТИ ТРАСИ ОД ВООБИЧАЕНИТЕ


Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека утре, вторник (28.11.2023 год) од 9 до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Изменети траси ќе имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

 

ТРАСИ  НА ДВИЖЕЊЕ


Линии 8 и 15А

·   * од мост Гоце Делчев наместо по булевар „Илинден, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди

* Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

 

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59 

·    * наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди, па десно по улица Никола Парапунов (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден, па десно по улица Љубљанска, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди

 

Линии 18, 21А и 118

 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

 

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење. 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.