Моментален број на посетители:
180
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
12 февруари 2024
 

АПЕЛИРАМЕ ПАРТИИТЕ ДА НЕ КОРИСТАТ ПОТПАЛУВАЧКА РЕТОРИКА, МВР ДА ГИ ЗАЈАКНЕ КОНТРОЛИТЕ ВО ВОЗИЛАТА ОД ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

 
Почитувани,
 
Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.
 
Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ.
 
Апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите.
 
Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки.
 
За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото.
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.