Моментален број на посетители:
294
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ЗОШТО ЈАВЕН ПРЕВОЗ - Проект на ЈСП СКОПЈЕ и РСБСП
17 јули 2017
 

 Во текот на секојдневното живеење се соочуваме со разни проблеми кои директно или индиректно влијаат на нашето расположение и следствено на тоа влијаат врз извршувањето на нашите секојдневни обврски. Брзиот начин на живот пак, покрај другото, има и негативно влијание на нашето здравје.

 
Мислејќи дека со управувањето на моторните возила секое утро побрзо ќе стигнеме на работните места, ние се доведуваме во ситуација да се соочиме со големи гужви во сообраќајот и притоа да го изгубиме драгоценото време залудно.
 
Студиите кои ги имаат направено познатите светски универзитети, ни даваат еден показател дека луѓето кои користат јавен превоз до работното место се далеку посреќни од останатите кои користат сопствени возила. Индикациите наведуваат дека времето поминато во автобус, воз, трамвај итн. е корисно употребено од страна на патниците, со тоа што за време на патувањето може да се дозавршат некои работни обврски, да се чита книга, па дури и да се учи...
 
Покрај тоа, значително се намалува и загаденста на средината каде што живееме, бидејќи, споредбено со сите светски анализи, еден автобус во којшто може да собере 60 патници, реално заменува од 20-30 моторни возила, при што се намалува степенот на загадување за околу 10 пати.
 
Гледано од економски аспект, јавниот превоз е далеку поевтин од превозот со сопствено возило. Покрај потрошувачката на гориво, во овој сегмент мора да се смета и на паркинг местата, кои се скапи за секојдневно користење, како и се помалиот број на истите, како последица на зголемувањето на бројот на возила.    
 
По воведување на АВЛ и СТС системот во ЈСП СКОПЈЕ и кај Приватните превозници во Јавниот превоз на Град Скопје се постигнаа значителен дел на подобрувања на квалитетот на услугата што ја добиваат граѓаните кои го користат Јавниот превоз како средство за превоз. Една од подобрувањата е тоа што се постави ред и контрола во извршувањето на Возниот ред, кој сега се исполнува со над 95% успешност за разлика од предходно кога резултатите беа под 60%, и истото е под контрола и мониторинг на Градот Скопје. Граѓаните добија можност да се возат со еден тип на билет кај било кој превозник по иста цена, но исто така и брзината на качување во автобус и валидирање на билетите се намали значително во однос на предходниот систем со наплата и поништување на билети во автобусите. Се воведе контрола и фискализација кај сите превозници за секој продаден билет, воведена е и можноста за плаќање со мобилен телефон преку двата мобилни опратори во Македонија, како и овозможена поголема и поточна инофмрираност на патниците за времето на пристигнување на автобусите преку Информативни табли, СМС и Веб апликација.
 
 
Имајќи ги предвид сите овие студии и показатели, ЈСП СКОПЈЕ во соработка со РСБСП ја стартуваше кампањата „Зошто јавен превоз?“
 
Самата кампања опфаќа повеќе сегменти, преку кои граѓаните ќе бидат информирани кои се бенефитите и предностите од користење на јавен градски превоз. 
 
Оваа кампања го опфаќа економскиот, еколошкиот, социјалниот и безбедносниот аспект на секојдневниот живот на граѓаните во Градот Скопје, а преку кој сакаме да ги информираме и поттикнеме нивните навики на што почесто користење на јавен превоз.
 
Очекуваните ефекти и резултатите од оваа кампања се, пред се, на едукативен начин да ги информираме граѓаните за нивни придовки, како придобивките на околината при користењето на јавниот превоз
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.