Моментален број на посетители:
654
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Нова „Скопска“
11 јануари 2019
 

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Во продажба се пуштени електронски картички „Скопска“ со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Цената и функционалноста на новите „Скопска“, останува иста како и на старите картички. Старите и натаму можат да се користат, нема потреба од замена со нови.

Новите „Скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба.

Идејата и одлуката за новиот дизајн на „Скопска“ е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП Скопје ќе ги реализира во текот на годинава како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата.

ЈСП Скопје планира во текот на месец април да воведе и електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги.

Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно иформирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето.

Раководството на претпријатието е уверено дека сите овие новини ќе придонесат за значително зголемување на квалитетот на јавниот превоз во секој поглед.

 

 

 

           

 

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.