Моментален број на посетители:
383
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас за закуп
27 јули 2023
 

 Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП „Скопје“ - Скопје,  (во текстот: ЈСП - Скопје) - Комисија за спроведување на постапка за прибирање понуди  (во текстот: Комисија), објавува:

О Г Л А С  бр. 02/2023

за изнајмување под закуп на 1 (една) дрвена куќарка на локација Жичница - Средно Водно во близина на среден паркинг

1.         Предмет на Огласот

Предмет на Огласот е прибирање на понуди од правни лица за изнајмување под закуп на 1 (една) дрвена куќарка која се наоѓа на локација Жичница – Средно Водно во близина на среден паркинг.

1.1. Куќарка бр. 2 со површина од 7.84 м2

2.         Право на учество

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни правни лица (Понудувачи), кои ги исполнуваат Условите за учество.

3.         Услови за учество

Заинтересираните правни лица (Понудувачи) треба да поднесат Пријава за учество во писмена форма (затворен плик) со следна содржина и прилог документи за докажување на лична и професионална способност:

- Пополнет образец на Понуда објавен на web страната на ЈСП - Скопје;

- Да се регистрирани за обавување на дејности согласно Условите за     изнајмување наведени во точка 4., се докажува со прилог Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ, не постара од 30 дена во оргинал;

- Тековна состојба издадена од Централен регистер на РСМ, не постара од 30 дена во оригинал;

- Уверение за платени даноци и придонеси издадено од Управа за јавни приходи, не постаро од 30 дена во оригинал;

- Доказ за извршена уплата на паричен депозит за учество на огласот во оригинал;

Пријавите кои не ги содржат сите наведени елементи ќе се сметаат за нецелосни и како такви ќе бидат отфрлени од понатамошна евалуација во предметната постапката.

4.         Услови за изнајмување

            Објектите кои се предмет на изнајмување под закуп може да бидат употребувани исклучиво за угостителски услуги (продажба на пијалаци и/или храна) и/или за продажба на сувенири и друг материјал со цел туристичка промоција на Град Скопје и РСМ.

            Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен понудувач и со кој ќе биде склучен Договор за закуп, се обврзува предметниот објект да го употребува исклучиво наменски за дејности наведени во претходниот став.

            Понудувачот предметните објекти ги зема под закуп во постоечка состојба и како такви треба да ги врати по истекот на Договорот за закуп, а сите евентуални трошоци за санација и адаптација ќе бидат на негов трошок.

            Доколу Понудувачот не се придржува кон сите погоре наведени Услови за изнајмување, ЈСП - Скопје го задржува правото за еднострано раскинување на предметниот Договор за закуп.

5.         Месечна закупнина

            Најмала понудена месечна закупнина може да изнесува 9.000,00 денари (деветилјади денари) за една куќарка без пресметан ДДВ.

6.         Времетраење на закупот

Закупот на предметот од точка 1 на овој оглас е на временски период од 3 (три) години.

7.         Начин на плаќање

Избраниот најповолен Понудувач, понудената цена на јавниот оглас ќе му ја плаќа на ЈСП - Скопје секој месец како месечна закупнина за целото времетраење на Договорот за закуп согласно точка 6., со посебна должност износот на месечната закупнина да го плаќа најдоцна до 15-ти ден во тековниот месец.

Покрај месечната закупнина од став 1 на оваа точка, избраниот најповолен Понудувач е должен да плаќа и месечни трошоци за потрошена електрична енергија, трошоци за греење, трошоци за вода и ѓубретарина, телефон и други комунални трошоци кои ќе произлезат од користењето на предметот на овој оглас, како и надоместок за осигурување на куќарката согласно фактот дека избраниот Понудувач има посебна обврска да го осигура предметот на овој оглас од пожар, поплава, провала и други опасности, во рок од 7 (седум) дена по склучување на предметниот Договр за закуп.

8.         Депозит за учество

Депозитот за учество на огласот изнесува 7.000,00 (седум илјади) денари. Уплатата на депозитот за учество на огласот се врши вирмански на сметката на ЈСП - Скопје, бр. 300000000232933 во Комерцијална банка АД Скопје со цел на дознака (депозит за оглас бр. 02/2023).

Уплатата на депозитот за учество треба да се изврши најдоцна до крајниот рок за поднесување на пријави.

Депозитот за учество се враќа во целост на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на завршување на огласот, освен на понудувачот кој е избран за најповолен понудувач, на кого уплатениот депозит му се враќа по склучувањето на Договорот за закуп со кој прецизно се уредуваат односите во врска со предметот од точка 1. Доколку најповолниот понудувач одбие да склучи Договор за закуп, депозитот ќе биде задржан.

9.         Гаранција за исполнување на обврските од договорот

Услов за потпишување договор со избраниот најповолен понудувач е уплата на гаранција во вид на депозит во висина од 300 (тристотини) евра во денарска противвредност по среден курс на НБРМ, од страна на избраниот најповолен понудувач на сметка на ЈСП - Скопје, бр. 300000000232933 во Комерцијална банка АД Скопје.

            Депозитот како гаранција ќе биде со важност за целото времетраење на договорот. Во случај на неисполнување на некоја од обврските од договорот, закуподавачот ќе го извести закупецот дека ќе пристапи кон наплата од депозитот.

            Доколку договорот е целосно реализиран согласно договореното, депозитот како гаранција се враќа на закупецот во рок од 15 дена по истекот на договорот.

 

10.       Рокови

            Пријавите за учество на огласот во затворен плик со назнака за „Оглас за изнајмување под закуп на 1 (една) дрвена куќарка на локација Жичница - Средно Водно во близина на среден паркинг“ може да се достават до ЈСП - Скопје, по пошта со препорачана пратка на адреса Булевар „Александар Македонски“ бр. 10, 1000 Скопје или директно во архивата на ЈСП - Скопје.

            Краен рок за доставување на пријавите за учество на огласот заедно со бараната документација е до 04.08.2023 год. до 15:00 часот.

11.       Постапка

            - Комисијата ги известува сите Понудувачи за комплетноста на понудите по електронски пат, во рок од најмногу 3 (три) дена од крајниот рок за доставување на истите.

            - Понудувачите кои доставиле Пријава која не ги содржи сите барани елементи наведени во точка 3. на предметниот Оглас, Комисијата за спроведување на постапката ќе ги отфрли со образложение дека истите не исполнуваат услови да учествуваат во понатамошна евалуација на Понудите во предметната постапка.

            - Незадоволните Понудувачи можат да поднесат приговор до Комисијата за спроведување на постапката во рок од 3 (три) дена од денот на добивањето на одлука за избор на најповолен Понудувач.

            - По приговорот на Понудувачот, Комисијата за спроведување на постапката е должна да одлучи во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на приговорот. Одлуката на Комисијата е конечна.

            - ЈСП - Скопје и најповолниот понудувач во рок од 7 (седум) дена по завршувањето на постапката ќе склучат Договор за закуп - во кој прецизно ќе ги уредат односите во врска со предметот Оглас.

            - Овој оглас ќе биде објавен во средствата за јавно информирање – дневните весници и на web страната на ЈСП - Скопје, www.jsp.com.mk

            - Лице за контакт за заинтересираните странки е Александар Дракулевски бр. 070/249-602, email: aleksandar.drakulevski@jsp.com.mk.

 

 

 

ЈСП  “СКОПЈЕ“ - Скопје

Комисија за спроведување на постапката

1.      Aлександар Дракулевски

2.      Зоран Спанџевски

3.      Владимир Смичковски

 

 

  

 Превземи понуда

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.