Моментален број на посетители:
96
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавен оглас 2/2021
05 јуни 2021
 
                  ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ

NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP


 

Врз основа на член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор, член 37-и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерениот оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ бр. 02-704/1-1 од 15.03.2021 година и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 02-565/1 од 04.06.2021 година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:

 

Ј А В Е Н  О Г Л А С  бр. 2/2021

За вработување на даватели на јавна услуга во областа на комуналните дејности и на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа V во ЈСП СКОПЈЕ за следните  работни места:

 

1. КДР0305А01090 Советник на директорот за професионално усовршување и развој на работените - (1) извршител.

·        Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стручни квалификации: најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правни  науки, организациони науки и управување (менаџмент) или образование.

·        Други посебни услови:  

-         Познавање на албански јазик.

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

                Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 39.007,00 денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Албанец(ка) 1.

 

2. КДР0305Б01223 Соработник за секундарна продажба во Одделение за секундарна продажба, Сектор за продажба - (2) извршители

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или  должност.

·        Посебни услови:

-         Најмалку стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен, економски науки или организациони науки и управување (менаџмент).

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку три години работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

                Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 24.694,00 денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 2.

 

3.  КДР0305Б01226 Помлад соработник за секундарна продажба во Одделение за секундарна продажба, Сектор за продажба (1) извршител

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Најмалку стекнати  180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен, економски науки или организациони науки и управување (менаџмент) или политички науки.

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку три години работно искуство во струката

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 23.934,00 денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 1.

 

4. КДР0305Б04074 Продавач на билети во Одделение за продажба, Сектор за продажба - (4) извршители.

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

од понеделник до петок:

-         прва смена од 06,00 до 13,00 часот,

-         втора смена од 12,30 до 19,30 часот.

сабота:

-         прва смена од 07,00 до 13,30 часот,

-         втора смена од 13,00 до 19,30 часот.

-         Дневното работно време е 7 часа во шестдневна работна недела од понеделник до сабота со 41,5 часа. Неделен одмор се користи во недела.

Дежурни билетари во недела и празник:

-         Едносменски од 07,00 до 13,00 часот,

-         Двосменски: прва смена од 07,00 до 13,00 часот и втора смена од 13,00 до 19,30 часот.

Паузата се користи во зависност од процесот на работа.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.990,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година. се: Македонец(ка) 3 и Албанец(ка) 1.

 

5. КДР0305Б01007 Стручен соработник за линиска контрола во Одделение за линиска контрола, Сектор сообраќај - (2) извршители

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Најмалку стекнати  180 кредити според ЕКТС или завршен VIБ степен, организациони науки и управување (менаџмент) или социјална работа и социјална политика.

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку три години работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 23.934,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 1 и Албанец (ка) 1.

 

6. КДР0305Б02120 Референт за контрола на билети во Одделение за линиска контрола, Сектор за сообраќај - (1) извршител

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку две години работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 19.004,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 1.

 

7. КДР0305Б04075 Контролор на билети во јавен превоз во Одделение за линиска контрола, Сектор за сообраќај - (8) извршители

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство во струката

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

Работното време е организирано во турнус (три смени):

-         прва смена од 05,30 до 13,00 часот,

-         втора смена од 11,30 до 19,00 часот.

-         трета смена од 16,00 до 23,30 часот.

Распоредот на работното време е со преклопување на смените по принципот на непрекината работна недела со 40 часовно работно време неделно. 

Паузата се користи во зависност од процесот на работа.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.990,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 5, Влав 1, Трчин(ка) 1 и Други 1.

 

8. КДР0305Б04076 Помлад контролор на билети во јавен превоз во Одделение за линиска контрола, Сектор за сообраќај -  (5) извршители.

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

Работното време е организирано во турнус (три смени) 5+2:

-         прва смена од 05,30 до 13,00 часот,

-         втора смена од 11,30 до 19,00 часот,

-         трета смена од 16,00 до 23,30 часот.

Распоредот на работното време е со преклопување на смените по принципот на непрекината работна недела со 40 часовно работно време неделно. 

Паузата се користи во зависност од процесот на работа.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 15.993,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 3, Ром 1, Турчин(ка) 1.

 

9. КДР0305Б01040 Главен инженер за инвестиции во Одделение за инфраструктура и управување и одржување на жичара и милениумски крст - (1) извршител

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Најмалку стекнати  180 кредити според ЕКТС или завршен VIБ степен, во областа на градежништво и водостопанство или архитектура, урбанизам и планирање.

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку три години работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 26.993,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Албанец(ка) 1.

 

10. КДР0305Б04073 Помлад машинист во Одделение за инфраструктура и управување и одржување на жичара и милениумски крст - (4) извршители

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

Ø  Летното работно време (01 април до 31 октомври) се организира во две смени и тоа:

-         прва смена од 08,30 до 15,30 часот и

-         втора смена од 12,00 до 19,00 часот, со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела од вторник до недела со 42 часа. Неделен одмор се користи во понеделник кога не работи жичарата. Паузата се користи во зависност од процесот на работа.

Ø  Зимското работно време (01 ноември заклучно со 31 март) е организирано во две групи и тоа:

-         Прва група со дневно работно време од 7 часа во шест дневна работна недела од вторник до сабота од 08,30 до 15,30 часот и недела од 08,30 до 17,00 часот. Полно неделно работно време изнесува 43,5 часа. Неделниот одмор се користи во понеделник.

-         Втора група со дневно работно време од 8 часа и 30 минути во петдневна работна недела од вторник до сабота од 08,30 до 17,30 часот. Полно неделно работно време изнесува 42,5 часа. Неделниот одмор се користи во недела и понеделник.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 19.004,00 денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 4.

 

11. КДР0305Б02094 Отпремник во Оддел за јавен превоз, Одделение за сообраќај, Сектор автобаза Автокоманда - (2) извршители

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку две години работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         прва смена од 06.00 до 14,00 часот,

-         втора смена од 14,00 до 22,00 часот.

-         трета смена од 22,00 до 05,00 часот, односно до 06,00, во зависност од смената.

-         Еден дел од вработените се со работно време од 8 часа во петдневната работна недела, а останатиот дел се со работно време од 7 часа во шестдневната работна недела. Паузата се користи во зависност од работниот процес.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.990,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Албанец(ка) 2.

 

12. КДР0305Б01007 Стручен соработник за внатрешна контрола за безбедност во сообраќајот во Одделение за внатрешна контрола за безбедност во сообраќајот - (1) извршител

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Најмалку стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VIБ степен, политички науки, организациони науки и управување (менаџмент), или сообраќај и транспорт

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку три години работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот)  со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 23.934,00 денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Албанец(ка) 1.

 

13. КДР0305Б03138 Референт за внатрешна контрола за безбедност во сообраќајот во Одделение за внатрешна контрола за безбедност во сообраќајот - (1) извршител

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку една година работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

-         Работното време е флексибилно и почетокот на работното време се организира меѓу од 07,30 и 08,30 часот, а завршувањето меѓу 15,30 и 16,30 часот (пауза од 11,00 до 11,30 часот) со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела. Полното неделно работно време изнесува 40 часа. Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 19.004,00 денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Други 1.

 

14. КДР0305Б04077 Референт за контрола и безбедност во сообраќајот во Одделение за внатрешна контрола за безбедност во сообраќајот - (1) извршител

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство во струката.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

Работното време се организира во три смени по принцип 6+2 и тоа:

-         Прва смена од 06.00 до 14,00 часот,

-         Втора смена од 14,00 до 22,00 часот.

-         Трета смена од 22,00 до 06,00 часот.

Дневното работно време изнесува 8 часа во 6 дневната работна недела. Паузата се користи во зависност од процесот на работа.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 18.497,00 денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Албанец(ка) 1.

 

15. КДР0305Б03005 Возач на специјално возило во Одделение за слободен превоз, Сектор за сообраќај - (5) извршители

·        Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

·        Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

·        Потребно работно искуство:

-         Најмалку една година работно искуство во струката.

·        Други посебни услови:

-         Возачка дозвола Д категорија.

·        Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

Работното време се организира по принципот на непрекината работна недела и тоа 5+2 или 40 часовна работна недела.

Распоредот на работното време е во две смени на принцип на ротација на вработените од 06,00 до 22,00 часот и од 07,00 до 23,00 часот и тоа:

-         Прва смена од 06,00-14,00 часот и од 07,00-15,00 часот ( пауза од 9,30-10,00 часот)

-         Втора смена од 14,00-22,00 часот и од 15,00-23,00 часот ( пауза од 16,30-17,00 часот)

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 18.497,00 денари.

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се: Македонец(ка) 4 и Албанец(ка)1.

 

 

v  Рок за пријава: рок за доставување на пријава за вработување е во рок од 15 дена од денот на објавување на огласот на интернет страницата на претпријатието и дневните весници Вечер, Нова Македонија и Lajme.

-         Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на инсtитуцијата која го објавува огласот, истите можат да се прибават од Портирницата на ЈСП СКОПЈЕ и на веб страната www.jsp.com.mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП  КОПЈЕ на адреса Бул. „Александар Македонски“ бр.10 Скопје, контакт телефон 02/3174 – 264, Одделение за управување со човечки ресурси.

 

v  Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

-      Уверение за државјанство (копија),

-      Диплома за завршено образование (заверена на нотар),

-      Уверение дека има општа здравствена способност за работното место,

-         Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Изборот на кандидати ќе се врши на следниов начин, доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати од 90 дена, над 500 кандидати од 120 дена по истекот на рокот за пријавување.

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавни услуги во претпријатието се состои од  две фази и тоа:

Фаза 1 - Административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со

условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази во пријавата; 

Фаза 2 – Интервју

 

 ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА (Pdf)           ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА (Word doc)

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.